Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јануари 2014
Машкиот национален тим ќе има богата агенда мај - јули 2014, но главното прашање кое ја мачи Одбојкарската федерација на Македонија, во моментов, е каде репрезентацијата ќе ги игра натпреварите.
ОФМ има краен рок до 1 март за да ја информира Европската конфедерација (ЦЕВ) за местата, термините и ТВ преносот на натпреварите од пред квалификацискиот турнир од циклусот за ЕП 2015, односно за настапот во Европската лига 2014, против репрезентациите на Данска и Турција.
За првата акција, организацијата на пред квалификацискиот турнир за Европското првенство 2015 во Бугарија и Италија, каде во рамките од третата група треба да ги пречекаме Азербејџан, Грузија и Шведска, изборот е стеснет на три града. Потенцијални решенија се пред се салата „Гемиџии“ во Велес, па салата во Прилеп, како и „Парк“ во Струмица, кои имаат лиценца од ЦЕВ.
Според луѓето на Одбојкарската федерација Велес во предност, поради близината на аеродромот а има и задоволувачки сместувачки капацитет. Но за да се случи репрезентацијата на Македонија да игра во Велес ќе треба поддршка и од градот, од локалната власт, бараат од ОФМ. Велес своевремено беше домаќин на меѓународни одбојкарски настапи а меѓу нив и на тогашниот светски великан Шпанија.
Tweet |